Авионот на Малезија Ерлајнс на летот МН17 е соборен пред две години со руска ракета Бук истрелана од село под контрола на бунтовниците на истокот на Украина, објави во среда меѓународен тим истражители. Ракетниот систем Бук е довезен во селото Первомајск и од него е истрелана една ракета, по што е вратен во Русија, заклучи Заедничкиот истражувачки тим предводен од холандските истражители, јави агенцијата Реутерс.

Тужителите ги објавија долго очекуваните резултати од истрагата за тоа кој е одговорен за соборувањето на патничкиот авион над источна Украина во 2014 година, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Западот ги обвинува проруските бунтовници дека го собориле леталото со ракета земја-воздух, додека Русија тврди дека зад несреќата стои Украина.

OhridNews
извор Макфакс