Правните лица, трговците поединци, занаетчиите и лицата со слободни занимања, најдоцна до 15 февруари треба да достават годишен извештај за исплатени приходи во 2009 година, соопшти Управата за јавни приходи. Ваков извештај треба да достават и лицата кои вршат откуп на земјоделски производи од физички лица

Годишен извештај треба да поднесат сите кои извршиле исплата на плата по основ на лични примања, приходи од авторски права, приходи од капитал, приходи од имот и имотни права, добивки од игри на среќа и други приходи за кои данокот на доход не се утврдува со решение за јавни приходи.

Обрасците за поднесување на годишните извештаи може да се преземат од веб страницата на УЈП или во канцелариите на подрачната единица во зградата на општина Охрид.

Ohridnews