Советот на Општина Охрид утре ќе ја одржи педесет и четвртата седница со почеток во 9 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, а на Дневен ред се 71 точка.
Пред советниците се извештаите и годишните сметки на училиштата и градинката, како и годишните извештаи од работа на јавните претпријатија.
Советниците треба да ги гласаат и извештаите од реализација на програмите за туризам, локален економски развој, урбанизам, јавна безбедност, животна средина, здравствена и социјална заштита, култура, спорт, образовани, капитални инвестиции…
На Дневен ред се и измените и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година, измената на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година, прифаќање донација на противпожарно возило, пренесување на правото на времено користење на недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерството за дигитална трансформација, отстапување на времено користење објект – гаражен простор на Доброволно противпожарно друштво „Ентузијаст Охрид – Дебрца“, како и неколку точки кои се однесуваат на донесување на урбанистичко – планска документација.
Н.С.Ј.