Јужноафриканецот Мор Кит, стар 96 години, покажал дека и во поодминати години човек може да се занимава со екстремни спортови, каков што е и банџи џампингот. Мор Кит скокнал од мост висок повеќе од 200 метри, со нозете врзани за еластично јаже, и така станал најстариот банџи скокач на светот.


После скокот искоментирал дека траело премногу кратко. Овој пензионер, од Џорџ, во покраината Источен Кејп, го извел скокот заедно со ќерката и внуката од мостот Блукранс висок 216 метри.