Во големата сала на oпштина Охрид денес беше изведена монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова од страна на Лилјана Стоилковска, поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија.
Идејата за изведбата е еден аманет кој македонска писателка на многу познати романи, стихозбирки Ката Мисиркова – Руменова ми го остави, вели Стоилковска.
Аманетот сакам да го пренесам. Оваа монодрама како мене да ми беше нарачана. Ми ја оставила мене да ја интерпретирам и да ја направам и како перформанс низ Македонија за кој таа мечатеше додека беше жива. Пораката е сите македонци да не се лажат по парите и доларите преку океанот и преку границите, туку да се вратат дома. Таа ги повикува на враќање преку еден дијалог помеѓу мртвата мајка и ќерката која се враќа од преку океанот за да порача и да каже дека овде има се и може се да се направи ако се има желба. Перформаност е именуван Љуба по името на ќерката, вели Стоилковска, потенцирајќи дека интересот на претходните изведби, премиерната во Скопје и низ другите градови бил голем.
Пред перформансот воведно обраќање имаше професор д-р Васил Тоциновски во кој пред публиката говореше за авторката на монодрамата, но и за актерката Стоилковска.
Настанот беше во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Општина Охрид.
Фото галерија:
Изведба на монодрамата „Љуба“
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска