ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради кај хотелот Даљан.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 730 метри и тоа: профил ф225 мм во должина од 290 метри, профил ф160 мм во должина од 240 метри и профил ф110 мм во должина од 200 метри, информираат од претпријатието.

Додаваат дека средствата во вредност од 4 725 661 денари за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews