ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата „Вис” во село Велгошти.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 155 метри, информираат од претпријатието.
OhridNews