Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности, изведба на фекална канализација на новиот комплекс од згради на „Туристичка“ (Лукоил и Окта).

Должината на трасата изнесува 550 метри. Ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф250 и Ф315 метри и изработка на 16 армирано бетонски ревизионни шахти, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека градежниот зафат изнесува 3.865.966,оо денари и се реализира по налог на фонд за комунален развој со средства од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews