Тинејџерката Елиф Билгин од Турција, ја добила наградата ‘Scientific America’ поради изумот за добивање биопластика од кора на банана. За изумот кој ќе го реши еден најголемите проблеми на денешнината, 16-годишната турчинка била прогласена за добитничка на наградата „Науката во акција“ во износ од 50 илјади долари, која ја доделува ‘Scientific America’.
Елиф две години го усовршувала добивањето биопластика од кора на банана. Нејзината постапка може да се искористи за добивање на еколошки прифатлива пластика која е лесно разградлива, независна од нафтата и попогодна за околината, а се користи за изолација на каблите. Малата Елиф рекла дека тоа значело дека нејзиниот проект имал потенцијал да стане решение на големиот проблем со загадувањето кое го предизвикала обичната пластика. Тоа исто така значело дека го започнала процесот за менување на светот, поради што веќе се чувствувала како победничка.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com