-Едно лице беше затекнато во Струга, а другото во Охрид. Поради тоа што сопственикот на еден од скјутерите не се пријави истиот времено беше одземен, по што со записник во полиција беше вратен на лицето кое го поседува. Против прекршителите поднесени се соодветни пријави.-информираат од Охридската Капетанија.
Оттаму велат дека вчера како и денес инспекциските служби биле постојано на терен до 15.30 часот. Во врска со случајот на непочитување на забраната посочен од OhridNews, од Капетанија информираат дека можеби се работи за полициски скутери или пловни објекти со моќност помала од 45 KW. Сепак оттаму не ја оптфрлаат можноста да се работи и за прекршување на забраната.
-И 24 часа да патролираат инспекциските служби и полицијата не можат да ја покријат целата територија на езерото, но тие и натаму редовно ќе бидат присутни на терен и секое непочитување на забраната за пловидба на скутерите ќе се казнува.-велат од Капетанијата.
Како што е познато ограничувањето на пловидба на скутери, започна вчера и ќе биде на сила до 20 август. Се однесува на периодот од 11.00 до 18.00 часот, секој ден и важи за целата водена површина на Охридското Eзеро.
За сите граѓани кои нема да ја почитуваат одлуката, пропишани се и санкции, а висината на глобата што ќе треба да ја плати прекршителот изнесува 2.000 – 3.000 евра во денарска противвреднсот за правни лица, 500 – 1.000 евра во денарска противвредност за трговец-поедниец и 300 – 500 евра во денарска противвредност за физички лица.