Комесарот за натпреварување на КФМ ги изрече казните за играчите, кои го направија инцидентот за време на првиот полуфинален натпревар помеѓу Струмица 2005 и МЗТ ФОН Универзитет Скопје.
Тони Грнчаров е казнет со 6 меча неиграње и парично со 20.000 денари, додека Дамир Латовиќ нема да настапи на наредните 2 средби, а ќе плати и казна од 10.000 денари.
Полуфиналнитe серии подобар од пет продолжуваат со мечевите во Скопје. По израмнувањето 1-1, Работнички ќе ја има предноста на домашен терен и можноста да поведе во серијата.
Натпреварот се игра утре во 19.30 часот (МТВ Пренос) во салата “Градски парк“.
Вториот полуфинален натпревар, помеѓу МЗТ ФОН Универзитет Скопје и Струмица 2005 е одложен.
ohridnews