Израелците ќе бидат сместени во хотелите Метропол и Белви, каде денеска ќе биде приреден свечен дочек за гостите од блискиот исток.
Со доаѓањето на првата група израелски туристи се реализираат повеќегодишните напори на туристичките работници за враќање на странските туристи во Охрид. Се предвидува чартер авиони со туристи од Израел во Охрид да слетуваат на секои две недели до есен.