Израелски бизнисмени се заинтересирани да инвестираат во изградба на повеќе капитални објекти во Охрид. Тие пројавиле интерес за Градското пазариште, Автобуската станица, но и за изградба на хотелски комплекси на охридската ривиера.
За ова тие викендов разговарале со претставници на локалната самоуправа. На средбата со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, израелците изразиле подготвеност да инвестираат во најголемиот туристички центар во земјава.
Израелските инвеститори се сретнаа со претстставници на локалната самоуправа
На израелските бизнисмени им биле презентирани можностите за инвестирање во Охрид, но дали дошло до некаков конкретен договор не се соопштува. Од локалната самоуправа информираат дека средбата со израелските бизнисмени е дел од стратегијата за привлекување странски инвестиции во Охрид и дека такви контакти ќе продолжат да се остваруваат и во иднина.
ohridnews