Израелските војници наскоро ќе добијат посебни чорапи кои ќе можат да ги носат и до две седмици без да се плашат од несакани мириси, соопштиле израелските медиуми. Чорапите кои содржат метални честички ќе се делат на војниците кои се во израелската пешадија.
Едно неодамна спроведено истражување на војниците покажало дека оние кои ги носат тие чорапи, кои не впиваат влага и кои не мирисаат, поретко ги посетуваат дерматолозите.