Реномираните театарски куќи „Хабима“ и „Камери“ од Тел Авив, Израел ќе настапат на годинешното издание на Охридско лето.

Според најавите од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ексклузивното гостување на двете најголеми национални театарски куќи од Израел ќе се реализира на 18-ти јули, со изведба на претставата „Нашиот клас“, што обработува тема за холокаустот на Евреите.

Настапот на израелските театари е дел од Програмата што Министерството за култура и Амбасадата на Израел во Македонија, ја подготвија за одбележување на 20-годишниот јубилеј од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Израел.

Освен гостувањата на Охридско лето, оваа програма опфаќа танцови перформанси на уметници од Израел, претставување на поетски дела и изложби. Според најавите, реномирани поети од Израел ќе бидат дел и од годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“.

OhridNews