Израелскиот тур оператор Arkia International планира од 1 јуни 2016 година да воведе два чартер летови неделно кон Охрид. Ова денес e потврдено од страна на тимот предводен од Генералниот Директор на Arkia International , Дуду Макхлаб, кој оствари состанок со Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски.
Планирани се два чартер летови неделно, а во моментов е во проверка на сместувачките капацитети низ Македонија, по што се очекува да се склучат договори за сместување на туристите од Израел.
Република Македонија со ова влегува во понудата на уште еден голем тур-оператор кој има историја на постоење повеќе од шест декади и годишен промет од над 1 600 0000 домашни и странски патници. Интернационалниот превозник Аркиа има конекции со 34 земји и повеќе од 600 туристички агенции лоцирани во најголемите метрополи ширум светот.
Од европските дестинации, Аркиа лета во Италија, Ирска, Англија, Бугарија, Грузија, Германија, Данска, Холандија, Турција, Унгарија, Грција, Јордан, Словенија, Шпанија, Чешка, Франција, Кипар, Хрватска, Романија, Шведска, Швајцарија, Азербејџан, Русија, Полска, Украина, Норвешка, Финска, Ерменија, како и Сејшели и Танзанија.
OhridNews
извор Макфакс