Израелскиот претседател Симон Перес која има 90 години од денес има уште едно достигнување, станал Гинисов рекордер, одржувајќи онлајн предавање со најголем број учесници. Официјалното лице на Гинисовата книга Марко Фригати потврдил дека рекордот е освоен бидејќи Перес одржал најголема лекција онлајн од граѓанско воспитување во светот.
Перес собрал околу 9000 ученици ширум земјата, а лекцијата ја одржал во приморскиот град Нетанијаху од канцеларијата на Сиско системс инкорпорејшн, американска мултинационална компанија која дизајнира, произведува и продава мрежна опрема. И покрај поодминатите години, Перес, добитник на Нобелова награда за мир, е многу зафатен, се интересира за најновата технологија, друштвените мрежи и ја поддржува хај-тек индустријата.