Израелски војник кој на својот профил на друштвената интернетска мрежа Фејсбук објавил фотографии снимени во неговата војна база, е осуден на 19 дена затвор.
Израелската војска не објаснила за каква фотографија се работи, но потврдила дека војникот е припадник на елитната единица за обавестување.
Локалните медиуми известуваат дека таква пресуда за таков „злочин“ до сега не е забележана. Корисниците од цел свет на се попопуларниот Фејсбук на своите лични профили, пишуваат лични информации, објавуваат фотографии па дури и видео материјали.
Додека за цивилите тоа претставува само личен ризик, за војните лица тоа претставувало потенцијална опасност за националната безбедност.
Министерството за одбрана ги „прочешлало“ разните страници на Фејсбук на кои пишуваат израелските војници. Истрагата покажала дека некои војници објавувале фотографии од аеродроми, подморници и други воени објекти.
ББС дознава дека израелските воени судови дисциплински казнале стотина војници кои ги прекршиле правилата и со тоа ја загрозиле националната безбедност.
Се верува, дека милитантите од Либанон и палестинските подрачја ги пратат форумите на интернет, вклучувајќи го и Фејсбук, како би дошле до одредени информации.