Во несреќата што се случи денеска во месноста Тумба во атарот на селото Врбовец, крушевско, во која животот го загуби 55-годишен парагладерист, државјанин на Израел, чиј идентите засега не се објавува. 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп попладнево изврши започна увид на местото на настанот.

Според досегашните сознанија лицето управувало параглајдер и како последица на пад од починало на самото место. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

OhridNews
извор: „Макфакс“