Израелскиот илузионист Хези Дајан го соборил рекордот на магионичарот Дејвид Блејн, минувајќи 66 часа во коцка мраз тешка осум тони. Дајан минал во мразот речиси три дена внатре во посебно направени прозирни коцки мраз, поставени на плоштадот Рабин во Тел Авив, облечен само во маица и фармерки.


На новогодишната ноќ, точно на полноќ, неговите помошници исекле еден од блоковите мраз и го извлекле видно ослабениот Дајан, по што бил префрлен во болница. Засега не е познато каква му е здравствената состојба. Дејвид Блејн во слична коцка мраз минал 63 часа во Њујорк.