Младинската кошаркарска репрезентација на Израел деновиве е во центарот на вниманието на спортската јавност во Охрид, каде што се одржува Европското првенство Б-дивизија за кошаркарки до 20 години, но не поради квалитетот прикажан на теренот туку поради речиси спектакуларната безбедносна мрежа што е подигната околу нив.
Според стручњаците, станува збор за луѓе од националната безбедносна агенција ШАБАК, која е специјализирана за обезбедување на израелските спортисти што настапуваат во странство и е некогашно одделение на главната израелска агенција МОСАД. Бројот на агентите од специјалното единица на МОСАД засега не е познат.
Репрезентативките на Израел при секое патување од хотелот кон „Билјанини извори“ и назад се следени од две или повеќе македонски полициски возила, додека тоа не е процедура со другите селекции. Израелските репрезентативки не смеат да го напуштат автобусот пред агентите на ШАБАК, кои се со нив целосно да ги проверат салата, но и просторот околу неа.
Тие имаа посебен протокол и на свеченото отворање на ЕП, кое минатата недела се одржа на плоштадот во Охрид. Кога дојде ред на претставување на израелските кошаркарки, полицајците и агентите го расчистија просторот на кој тие требаше да стојат.
Фото: Емилио
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com