ФФМ потврди дека интерес за селекторската функција пројавил и познатиот израелски тренер Ели Гутман, човекот кој го препороди Израелски Хапоел.


Гутман со фудбалската кариера минал во тренерски води каде успешно „плови” од 1985г. и бил тренер на дузина израелски екипи како и на кипарските тимови Паралимни и АЕЛ Лимасол.

Првата титула ја освоил 1997г. со Хапоел Бер Шева кога го освоил националниот куп. Најголемиот успех во кариерата го постигнува со екипата на Хапоел Тел Авив која ја превзема во 2007г. од Гај Лузон( сега израелски селектор на репрезентацијата до 21г. ) и успева да обезбеди опстанок.

Успева да креира силен Хапоел кој во 2010г. освојува двојна круна во Израел и има забележителен настап во квалификациите за ЛШ. Во 2011г. откако го освојува националниот куп го напушта кормилото на екипата.

Ohridnews