Еден 50-годишен израелец се развел по 11-ти пат, што е нов рекорд за некој израелски евреин, според податоците на рабинскиот суд. Човекот на суд изјавил дека се разведувал во просек на секои две години и дека веднаш потоа барал нова невеста. Рекол и дека зажалил после првиот развод бидејќи тоа му го отворило патот во бескрајната потрага за ново искуство.
Неговата најнова поранешна сопруга рекла дека тој ништо не работел и дека живеел од нејзините примања, што ја довело до големи долгови. Се покажало дека на жените им се додворува убедливо и со многу емоции. Но по кратко време обете страни се заситувале и започнувале кавгите. Имал син од еден од браковите, но не плаќал алиментација. Претходниот рекорд го држел човек кој се развел седум пати.