Израел е победник на изборот на песна за Евровизија 2018, што се одржа во Лисабон, Португалија. По гласањето на земјите учеснички и стручното жири, одлуката ја донесоа гласовите од телевоутингот. Со вкупно 529 гласа Нета од Израел триумфираше на Евровизијата со песната „Тоy” во која се пее за различностите.
Второто место го освои Кипар – 436, а на третото место се пласираше Австрија – 342 гласа.
На изборот на песна на Евровизија се случи инцидент при настап на претставничката на Велика Британија. На бината се качи обожавател кој и го зеде микрофонот на пејачката, по што мораше да интервенира обезбедувањето.
Македонските претставници „Ајкју“ настапот на Евровизија го завршија во полуфиналето.
OhridNews