Израел денеска соопшти дека нема да пушти хуманитарна помош за време на опсадата на Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници, откако Црвениот крст побара да дозволи транспорт на гориво во Појасот Газа за да спречи преполните болници „да се претворат во мртовечници“.
Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас што владее со Појасот Газа како одмазда за најсмртоносниот напад врз Евреите од холокаустот, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата и убија најмалку 1.300 луѓе, главно цивили, а зедоа десетици заложници.
Израел одговори со ставање на енклавата, дом на 2,3 милиони луѓе, под целосна опсада и започнувајќи го убедливо најмоќното бомбардирање во 75-годишната историја на израелско-палестинскиот конфликт, уништувајќи цели населби.
Властите во Појасот Газа соопштија дека повеќе од 1.200 луѓе се убиени, а повеќе од пет илјади се ранети во бомбардирањата.
Исклучена е единствената електрична централа, а на болниците им снемува гориво за генераторите за итни случаи.
Човечката беда предизвикана од оваа ескалација е ужасна и ги молам страните да го намалат страдањето на цивилите, повика денескат Фабрицио Карбони, регионален директор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и додаде дека „како што Газа ја губи струјата, болниците губат струја, ставајќи ги новороденчињата во инкубатори, а постарите пациенти на кислород“.
Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека нема да има исклучок за хуманитарна помош во опсадата, додека не бидат ослободени израелските заложници.
Хуманитарна помош за Газа? Ниту еден електричен прекинувач нема да се подигне, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека израелските заложници не се вратат дома. Хуманитарно за хуманитарно. И никој не треба да ни проповеда за моралот, објави Кац на „X“.
OhridNews