Израел во раните утрински часови изврши три напади врз Иран. Серија силни експлозии се слушнаа над Техеран. Иранските власти соопштија дека експлозиите биле резултат на воздушната одбрана.
Израелската армија соопшти дека извршила „прецизни напади врз воени цели во Иран“. Нацодно Израел претходно го предупредил Иран дека ќе го нападне, пренесуваат светските агенции.
Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел, додаде израелската војска.
Се огласија САД од каде повторија дека стојат во одбрана на Израел. Британија, пак, смета дека Израел има право на одбрана и дека Иран не треба да одговори на нападот.
Осуда за нападот на Иран стигра од Саудиска Арабија. Без директно спомнување на Израел, Кралството ги повика сите страни на „максимална воздржаност и ја повика меѓународната заедница да преземе чекори кон деескалација на тензиите и ставање крај на регионалниот конфликт“.
Г.М.
Фото: Х