Ерик Аџетеј Ананг од гана е многу популарен во својот крај бидејќи води работилница во која изработува ковчези во сите бои и облици. Тој рекол дека оваа година направил околу 300 ковчези за луѓе од гана, но и од САД, Канада, Белгија и Шпанија. Неговото семејство со овој необичен занает се занимава веќе неколку децении, а се започнало од неговиот дедо Сет Кен Квеи во педесеттите години од минатиот век.
Откако неговата баба починала дедото и направил ковчег во облик на авион, бидејќи многу сакала да патува но никогаш немала можност. После тоа направил ковчег во облик на кану за еден од локалните рибари и неговата популарност нагло почнала да расте. Ерок по завршувањето на средното училиште не сакал да оди да студира, туку останал со својот татко да го води семејниот бизнис. Во Гана веруваат дека облиците на ковчезите означуваат кон што тежнеат луѓето во следниот живот.