Еден механичар од Бангкок прави мотори скулптури и тоа од резервни делови на автомобили, мотори, па и велосипеди. Подвижните ремек дела му ги нарачуваат од целиот свет. Неговите мотори изгледаат како да се дел од некој холивудски научнофантастичен филм.
Името му е Рунгројна Сангвонгприсан, и во Бангкок од резервни делови и рециклиран материјал ги прави своите уникатни мотори. Освен механичарската работилница „Ko Art Shop“ во Бангкок, сопственик е на уште четири работилници во различни делови на Тајланд. Своите фантастични мотори ги испорачува на воодушевените клиенти ширум светот.