Среќните родители ќе можат да си нарачаат 3D модел на своите сеуште неродени деца благодарение на технологијата која ја патентирал бразилскиот доктор Хорхе Лопез. На лондонскиот универзитет ја претставил својата технологија на изработка на пластични 3D модели на фетуси врз основа на сликата од ултразвукот и скенирани слики со магнетна резонанца.
-Да го видите мајчиното лице кога ќе го добие пластичниот модел на своето неродено дете е неверојатно чувство. Снимката од ултразвук не може да се спореди со ова-вели бразилскиот доктор, кој наскоро во Лондон ќе ја претстави својата прва изложба со изработените 3D фетуси.