Советот за развој на Југозападниот плански регион, на 31 јули,среда, во салата на Советот на Општина Струга, со почеток во 12 часот, ќе одржи седница на која ќе биде презентирана Студијата за решавање на проблемот со кучиња скитници во Југозападниот плански регион.

Студијата како што е најавено, ќе ја презентира експертскиот тим што ја изработуваше. Исто така, ќе бидат определени локации за стационари за кучиња скитници, за кои што ќе се подготват основни проекти за изградба, информираат од Советот за развој на Југозападниот плански регион.

На седницата ќе се обрати Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, по што ќе следува потпишување на Договорот за соработка во 2019 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и Единиците на локалната самоуправа од Југозападниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

OhridNews