Убавините на Охрид за прв пат се овековечени во “time lapse” техника која го прикажува забрзано времето во транзиција од ден во ноќ и обратно.
Промотивниот материјал, прв од ваков вид кај нас, го изработи охриѓанецот Горан Пржин, кој веќе извесен период живее и работи во Австралија.
-За прв пат се прикажува Охрид со “time lapse”. Се работи за нешто ново, до сега не направено кај нас. – вели Пржин.
Процесот на изработка е исклучително комплексен и долготраен, за што е неопходна соодветна софистицирана опрема. Местата прикажани во спотот се фотографираат поединечно по околу 5 часа, по што се обработуваат.
-За 20 секунди потребни се 12 часа работа. Во “time lapse” спотот за Охрид употребени се околу 5000 фотографии.-објаснува Пржин.
Горан Пржин
Тој вели дека покрај промоцијата на Охрид, мотив за да го изработи овој спот му бил и да ги поттикне талентираните млади од Охрид кои се занимаваат со фотографија и видео да навлезат во оваа техника, која е исклучително популарна во светот сега. Според него презентацијата на Охрид на овој начин може да биде исклучително ефикасна. Сепак, вели Пржин, генерално недостига квалитетен промотивен материјал за Охрид.
-Доколку има интерес кај надлежните во градот секако дека ваквата техника може да се искористи во добра промоција на Охрид, но засега не гледам дека се има доволно сенс за примена на новитети во презентацијата на нашиот туристички бисер.-истакна Пржин.
Изработениот материјал засега е за лична архива, но може да се користи за комерцијалнио цели со дозвола од авторот, додава Пржин.
Покрај за Охрид, тој има изработено “Time lapse” спот и за Сиднеј, кој е прв на листата на интернет пребарувачот “Google”. Пржин вели дека ќе продолжи да се занимава со оваа техника, бидејќи сака да воведува иновации во работењето. Тој е автор на првото музичко DVD за Владимир Четкар, а прв ги сними и убавините на Охрид од воздух со моторен змај.
OhridNews
“Time lapse”:[email protected]