Најдобрите македонски фудбалерки не успеаја да извлечат позитивен резултат на двата дуели со Албанија кои се одиграа во Поградец и Охрид. „Црвено жолтите“ во двата мечеви претрпеа идентични порази 3-1 и ја продолжија серијата без победа.
- Резултати кажуваат дека сме загубиле и никако не можеме и не смееме да бидеме задоволни. Единствено ме радува напредокот во играта и желбата да се игра фудбал што не беше случај порано. Во првиот меч имавме водство кое не го задржавме а во дуелот во Охрид не реализиравме удар од белата точка при негатива од 1-0. Ќе мора повеќе да работиме на прекините, бидејќи моментално тука сме најранливи и противниците вешто користат. – изјави селекторот Кирил Изов.
На средината од август најдобрата женска репрезентанција ќе одигра два контролни мечеви со селекцијата на Азербејџан на гостински терен, кои ќе бидат финални подготовки за почеток на квалификациите за Европското првенство.
- Ќе одиграме два меча со Азеберјџан, селкекција која ќе ај искористиме како партнер за Казакстан, кој е наш прв ривал во групата. Таму, како и во Охрид, селекцијата ќе биде заедно и ќе имаме повеќе време да посветиме внимание на нашите слабости – додаде селекторот.
Фудбалерките во Охрид пристигнаа во понеделникот а заминаа синоќа што означи крај на сезоната во женскиот фудбал во нашата земја.
OhridNews