Висината на сметката за Колектерскиот систем се одредува согласно потрошената колична на вода. Ние ги преземаме податоците од ЈП Водовод и така го одредуваме износот на сметката. Сакам да нагласам дека, услугата за која ние наплаќаме се однесува на третманот на отпадните води, а обврската што граѓаните ја имаат кон ЈП Нискоградба и ЈП Водовод останува. Ова денеска на прес конференција го истакна директорот на Јавното претпријатие Колекторски систем Владимир Алексијоски, додавајќи дека во скоро време граѓаните ќе имаат опција и онлајн да ги плаќаат сметките.

Алексијоски на обвинувањата од опозицијата, граѓански здруженија и поединци за основањето и работењето на ЈП Колекторски систем, одговори дека до сега јавното претпријатие презело многу активнисти околу рехабилитација на делови од колекторот за заштита на Охридското Езеро, кој што при преземањето бил во хаотична состојба.

Сите кои  сакаат да направат увид во нашата работа можат слободно да побараат и да дојдат во нашите простории, а не да изнесуваат лаги и невистини, со кои јавноста добива погрешна слика за ЈП Колектерскиот систем. Не се точни информациите за двојно зголемување на цената. Точно е дека таа е зголемена, но не смее да се заборави фактот дека согласно решението од регулаторна комисија во 2017 година се поставени нови цени, зголемени од 10 на 17 денари за водни услуги, кои се добиени од пресметките на други стручни лица врз основа на финансиски извештаи. Исто така сакам да ги отфрлам обвинувањата за превработеност во Јавното претпријатие. Ние после поделбата со ЈП Проаква презедовме 64 вработени, а моментално во Јавното претпријатие работат 62 лица, што значи дека вработувањата се намалени, а не зголемени, – изјави директорот на ЈП Колекторски систем.

Алексијоски истакна дека со добро работење изминатата година и пол и финансиска помош од Владата, подмирен е повеќе од половина долг наследен од општините Охрид и Струга од ЈП Проаква кон ЕВН, кој изнесува 406 милиони денари.

Изминатиот период извршивме снимање на делот од „Грашница“ до препумпната станица Струга 3. Таму има проблеми како што се навлезени корења во цевководот поради лошо направени споеви во минатото и премногу уништени цевки. И покрај хаосот со кој се соочивме, како што кажав претходно, остануваме на ставот дека почнавме и понатаму ќе продолжиме да го санираме колектерскиот систам на Охридското Езеро, кое не е во сопственост само на охриѓани и стружани, туку на граѓаните на целата земја. – рече Алексијоски.

Првиот човек на ЈП Колекторски систем упати апел до охриѓани да не ги покриваат шахтите, а сите кои имаат имоти каде што поминува цевководот да остават простор за службите да можат непречено да работат.

OhridNews