„Вест“ повикувајќи се на извори од истрагата објави дека кај возачот на глисерот кој удри во глисерот кој го управуваше Ирина Романова – Муцунска, која од ударот почина на самото место, утврдено е присуство на алхохол и во крвта и во урината во моментот на несреќата.
„Од анализите кои биле извршени врз примероците на урината и крвта било утврдено дека Христијан Шапкар има 0,72 промила алхохол во крвта и 1,28 промили во урината, додека, пак, кај Муцунска резултатите од анализите за присуство на алхохол, дрога и на опијати во крвта и урината биле негативни. Анализите кои беа вршени во криминалистичката лабораторија на МВР се доставени до истражниот судија од Охридскиот суд, кој треба да утврди дали треба да продолжи истрагата против Шапкар, кому веднаш по несреќата му беше изречен триесетдневен притвор“, пишува „Вест“.
извор: „Вест“