Американскиот тенисер Џон Изнер вчеравечер во првото коло на Мастерсот во Синсинати го победи Камерон Нори со 2-1, во сетови 4:6, 7:6, 6:4. За време на натпреварот, Американецот комплетираше 26 аса.
Изнер досега во кариерата има 13.004 асови во кариерата и стана вториот тенисе ркој ја надминал границата од 13 илјади. Пред него, таков подвиг направи Иво Карловиќ од Хрватска кој стигна до 13.709 аса.
Свесен сум дека сум близу до Иво, можам да го соборам рекордот. Ако ја заврши кариерата наскоро, тогаш овој рекорд ќе биде остварлив. Би сакал да станам негов сопственик, не го кријам тоа, изјави Изнер.
Триесет и шестгодишниот Американец во 1/16 финалето во Синсинати ќе се сретне со Јаник Синер од Италија.