Во трејд кој ја изненади спортската јавност, најдобриот играч на Далас Маверикс, словенечкиот ас Лука Дончиќ, заврши во ЛА Лејкерс кој, пак, во спротивен правец го прати Ентони Дејвис.

Во размената во која неколкумина играчи ја променија средината, учествуваше и Јута Џез.

Трејдот очигледно бил реализиран во најголема тајност што ја потврдува реакцијата на играчите. Лука Дончиќ воопшто не  бил информиран за операцијата на клубот, ниту пак за тоа знаел Леброн Џејмс кој веста за трејдот ја разбрал за време на ручек во ресторан.

Далас наместо перспектива избра искуство и на местото на Дончиќ го доведе 31-годишниот Дејвис, инаку добар пријател на Кајли Ирвинг со кој ќе атакуваат на титула.

Лука Дончиќ (25) влече повреда од декември, а во Далас наводно имале забелешки на односот на Словенецот кон своето здравје и форма. Лука ги предводеше Маверикс до финалето минатата сезона каде загубија од Бостон.

Г.М.