Дали сте знаеле дека едно ново истражување покажало дека вегетаријанците живеат подолго, кафето Ве прави подебели, како и други зачудувачки факти за вашата исхрана.
Вегетаријанците живеат подолго отколку луѓето кои јадат месо: Можеби и овој факт не Ве изненадува премногу поради супер моќта на зеленчукот, но сепак голем број истражувања покажале дека вегетаријанците имаат 12% помал ризик од преранасмрт отколку луѓето кои јадат месо. Повеќе изненадува фактот што мажите имаат повеќе корист од вегетаријанската храна отколку жените.
Јадењето лосос ќе ја намали појавата на акни: Италијанска научна статија открива дека јадењето лосос помага да се намали појавата на акни на лицето, додека пак од друга страна млекото го забрува нивното појавување.
Сирењето спречува појава на кариес: Ако не сте загрижени за акните, сирењето го подигнува pH нивото во вашата уста и помага да се заштитат забите од паѓање и нивна кршливост.
Вашето кафе Ве дебели: Истражувачите откриле дека пиењето на пет или повеќе филџани кафе на ден складира повеќе масти во Вашиот организам и Ве доведува до ризик од типот 2 на дијабетис. Пијте кафе под пет филџани на ден и се ќе биде во ред и секако бидете помалку нервозни и изложени на стрес.