Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му се приклучи на Русинот Аслан Карацев во полуфиналето на грен слем турнир Австралија Опен. Ѓоковиќ во топ 4 се пласираше после триумфот над Александар Ѕверев, а Карацев го полуфинален билет обезбеди со победата над Григор Димитров.
Ѕверев му пружи повеќе од солиден отпор на Ѓоковиќ. Германецот поведе со 1-0 во сетови, победувајќи во тај брејк. Сепак, Ѓоковиќ работите под контрола ги во вториот и трет сет, кои ги доби со 6-2 односно 6-4. Четвртиот сет наликуваше на првиот, но овој пат Ѓоковиќ не му дозволи на Ѕверев да се разигра и го доби во тај брејк за конечна победа.
Рускиот тенисер Карацев имаше идентичен пат до полуфиналето како Ѓоковиќ. Првиот сет го изгуби со 6-2, а во следните три победуваше (6-4, 6-1, 6-2) за голем триумф и пласман во топ 4.
Преостанатите двајца тенисери во полуфиналето ќе бидат познати после дуелите Рубљев – Медведев односно Надал – Циципас.
OhridNews