Една бугарска криминална група увезла супермодерна машина за пробивање сефови, блиндирани врати и каси, која ја даваат под наем на своите колеги за високи суми, соопштуваат бугарските медиуми повикувајќи се на извори од полицијата.
Медиумите наведуваат дека машината чини повеќе од 40 илјади евра, и дека благодарение на својот начин на работа при кој развива високи температури ги отвора сите видови сефови кои се користат во Бугарија. Крадците најчесто ја користат за ограбување на банкомати.