Брачен пар од Тексас кој ја изнајмил својата куќа на студент, тврди дека гостите им направиле штета од 19 000 долари, пренесува „ABC News“.
Гостинот во изнајмената куќа направил журка за 300 луѓе, која се одвивала пред очите на сопствениците кои живееле во непосредна близина. Тие во неколку наврати повикале полиција која го документирала случајот, како и направената штета.
Во куќата бил искршен мебел, цигари биле гаснети од ѕидовите, а внатрешноста мирисала на телесни течности.
Онлајн сервисот за сместување „Airbnb“ доживотно го исфрлил непристојниот гостин од платформата и најави дека ќе ги обесштетат сопствениците.
-„Airbnb“ има реализирано сместувачки услуги за над 300 милиони корисници и вакви инциденти се вистинска реткост. Но, кога ќе се случат ние сакаме да ги исправиме работите. Имаме нулта толеранција за вакво однесување на гостите и во целост го поддржуваме семејството чиј имот е оштетен“. – соопшти „Airbnb“.
Компанијата за вакви случаи има полиса на осигурување вредна 1 милион долари.
OhridNews