Можеби се случило чудо, а можеби едноставно човекот од Зимбабве полудел, бидејќи пред судот тврдел дека изнајмил проститутка која преку ноќ се претворила во магаре. Исто така одлучно тврдел дека е сериозно вљубен во животното. Жителот на Зимбабве, по име Мојо, пред судот изјавил како мисли дека и тој е магаре. Според него, не знаел што му се случило, но навистина бил вљубен во магарето.
Мојо имал 28 години и бил уапсен во Звишавен, 300 километри од главниот град на Зимбабве. Тврдел дека платил 25 долари за проститутка и дека бил изненаден кога се разбудил и сватил дека луѓето го обвинуваат за секс со магаре. Бил обвинет за секс со животно, односно содомија, а судот наредил медицинско вештачење.