Малиот Џонас од Флорида наполни 13 години пред извесно време, а неговиот татко Тревис му приредил роденденска забава на која би му позавидел секој гејмер на светот. Бидејќи Џонас обожавал видео игри, таткото на цели пет часа му изнајмил кино сала како на огромното платно би уживал во своите омилени авантури.
Вкупната цена на овој подарок била 300 долари, што вклучувало и неограничен број пијалоци, па може да се каже дека таткото минал доста добро. На репертоарот се нашле доста популарни игри. Хорор игрите успеал да ги игра само неколку минути, бидејќи на кино платното изгледале многу пострашно отколку на компјутерскиот монитор.