Британскиот младоженец Давид Галучи (33) се воодушевил откако свршеничката Аби Петисон Харт (27) му го изнајмила автомобилот од соништата на еден ден. Платила десет илјади евра за Ламборџини Мурчилаго ЛП640, за да може Давид со стил да пристигне на нивниот голем ден.
Меѓутоа еден час пред венчавката изгубил контрола над автомобилот со кој возел 350 километри на час. Иако автомобилот удрил во оградата и се свртел за 360 степени, Давид и неговиот кум здобиле само по неколку гребнатинки. Отишол во црквата и ги разменил заветите пред да и каже на Аби за несреќата. Ламборџинито било фрлено во отпад откако штетата била проценета на 150 илјади евра.