Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица од Скопје.

  • Тие, казненото дело го извршиле на шести октомври оваа година, во домот на оштетена 76-годишна охриѓанка на улицата „,Абас Емин“ во Охрид, каде престојувале во изнајмена соба. Во текот на ноќта, сега пријавените затропале на нејзината врата и откако оштетената им отворила, веднаш ја нападнале и го одзеле златниот ланец  и  обетките а од ташната одзеле 6000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На двете лица одредена им е мерка притвор од 30 дена, а потоа се спроведени во Казнено поравната установа Затвор Охрид.

OhridNews