Нов вид на чоколадо наречено Вулкан поради својата термостабилност е измислено од една швајцарска компанија. Тоа нема да им прави проблеми на потрошувачите топејќи се во рацете или чантите. Вулкан има уште една одлична карактеристика- неговата енергетска вредност е за 90 % помала од обичните чоколади. Се очекува ова чоколадо да стане вистински хит во јужните земји каде температурата е многу висока и често се топат дури и по рафтовите на продавниците.
Најголем пласман се очекува да доживее на пазарите во Индија и Кина. Со тоа компанијата која го произведува ќе ги реши проблемите кои ги има со опаѓањето на потрошувачката во западните земји. Минатата година продажбата на чоколади во Европа паднала за 2, а во САД за 8 %.