На американката Шила Бејли Јубенк од Сан Антонио и се чинело дека викендот никако не доаѓа, па измислила сопствено киднапирање како не би морала да оди на работа. Имено, Шила на својот шеф му раскажала дека ја киднапирал дилер на дрога кој под закана со нож ја приморал да ја вози на повеќе места во градот. Според медиумите, таа раскажала дека киднаперот ја претепал и ја врзал за седиштето на автомобилот пред да ја пронајде полицијата.

За време на истрагата, меѓутоа, полицијата на основа на снимките од безбедносните камери утврдила дека Шила никој не ја киднапирал, туку дека денот го минала во убаво расположение. Снимена била на бензинска пумпа како купува лото ливчиња, а потоа и пред банкомат каде подигнувала пари. Откако полицијата и ги покажала снимките признала дека ја измислила целата приказна. Против неа било подигнато обвинение за измама.