Повеќе од 700 генијалци ги претставиле своите изуми на интернационалната изложба на изуми во Женева. Претставени биле повеќе од илјада направи, но звезди на овогодинешната изложба биле изумите кои работат наместо човекот.
Енрико Бенрути измислил кревет кој се собира сам. Кога го конструирал мислел на стари и немоќни луѓе. Генијалниот изум на кој ќе се израдуваат сите деца и тинејџери работи на копче, со чие притискање две шипки ја развлекуваат постелнината, а потоа се повлекуваат. Единствениот недостаток му е тоа што е бавен.