Денис Андерсон од Минесота се удрил со својата фотелја во автомобил враќајќи се од еден бар каде што пиел со своите пријатели. Признал дека бил пијан. Му ја одзеле возачката дозвола, добил околу 1000 евра казна и му го заплениле неговиот изум-фотелја која може да вози со брзина од најмногу 32 километри на час.


Локалната полиција планира фотелјата да ја продаде на аукција. Еден од полицајците изјавил дека таа не е воопшто лоша и дека може да вози релативно брзо.