Еден италијански готвач измислил чинии кои можат да се јадат од кои ќе јадат децата во училиштата. Тицијано Вичентини ги направил чиниите од специјална мешавина на брашно. Тие ќе бидат доволно цврсти за да може во нив да се стави храната, но ќе бидат и многу вкусни за да можат да се изедат. Тицијано, кој е роден во Милано, рекол дека му здодеало со години да гледа како училиштата трошат огромни средства на пластични чинии .


Работел по училишта и видел колку пари се даваат на садовите. Неговите чинии за јадење покрај другото се и многу ефтини. Децата ќе можат да ги изедат, а доколку нешто остане ќе оди на рециклирање како храна за животните.