Кујните во блиска иднина ќе користат внатрешна биосфера во која ќе се одгледува зеленчук и риба. Со тоа корисниците ќе бидат сигурни дека намирниците се свежи. Иако звучи како научна фантастика, оваа технологија веќе е во развој. Целта е да се подобри квалитетот на живот и да се намали потрошувачката на вода и електрична енергија.
Куќната биосфера е дизајнирана од Филипс. Билките кои ќе растат во неа ќе произведуваат кислород кој ќе оди во аквариумот. Аквариумот ќе биде чистен од шкампи кои ќе можат да ги јадат рибите. Архитектите работат на моделот според кој ќе ја изработат првата куќна биосфера.